Свет 21. април 2018. / 11:54

Жена од Алжир не доби француско државјанство – одбила да се ракува со машка рака

Жена од Алжир не доби француско државјанство – одбила да се ракува со машка рака

Францускиот апелационен суд ја потврди пресудата со која се одби државјанството на жена од Алжир, откако таа одби да се ракува со висок функционер, пренесе ББС.

Жената за време на церемонијата за државјанство рекла дека поради нејзините религиски верувања, не смее да се ракува со машка рака. Од владата, пак, изјавија дека со тоа таа покажа дека не е асимилирана во француското општество и и го одбија барањето за државјанство.

За таа одлука Алжирката се жалела во францускиот апелационен суд, каде што се потврди пресудата за одбивање на државјанството.

Инаку жената од 2010 година е мажена за Французин.