Свет 17. јануари 2020. / 21:49

Зеленски не прифаќа премиерот Гончарук да ја напушти функцијата

Зеленски не прифаќа премиерот Гончарук да ја напушти функцијата

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, одлучи да не ја прифати оставката на премиерот, Олексиј Гончарук.

Зеленски оцени дека во моментов не е време за дестабилизација на политичката и економската ситуација во земјата.

– Ја добив од Вас поднесената оставка. Одлучив Вам и на Владата да и ви дадам шанса – му порачал Зеленски на Гончарук за време нивната средба.

Сепак, Зеленски не ја исклучи можноста да дојде до кадровски промени во украинската влада.

Реакцијата на Зеленски доаѓа откако Гончарук поднесе оставка од функцијата.

– Дојдов на позицијата за да ја исполнам програмата на претседателот. Тој за мене е пример на отвореност и пристојност. За да се отстранат сомнежите во почитувањето и довербата што Владата ги има за претседателот, поднесувам оставка – напиша Гончарук на Фејсбук.

Оставката ја поднесе два дена откако во јавноста се појави аудио снимка од негов состанок со министрите зад затворени врати, на којашто се слуша како тој вели дека Зеленски не разбира како функционира економијата.

– Зеленски располага со многу примитивни сознанија за економијата – рекол Гончарук, додавајќи дека и самиот нема познавања од економијата.