Свет 06. ноември 2018. / 15:16

Зедер останува премиер на Баварија

Зедер останува премиер на Баварија

Три недели по разочарувачките резултати на изборите за регионален Парламент на Баварија, конзервативниот кандидат на Христијанско социјалната унија (ЦСУ) Маркус Зедер е реизбран за премиер на оваа јужна германска сојузна држава.

На денешното тајно гласање на пратениците во Минхен Зедер освои 110 гласа, против гласаа 89 пратеници, а тројца беа воздржани.

На овој начин Зедер останува на премиерската функција, и покрај тоа што ЦСУ, која е клучен сојузник на канцлерката Ангела Меркел, падна за 10 процентни поени на регионалните избори на 14 октомври, со што го загуби апсолутното мнозинство, иако остана најголемата партија.