Свет 29. јуни 2018. / 20:11

Заврши најкрвавата изборна кампања во историјата

Заврши најкрвавата изборна кампања во историјата

За девет месеци кампања во Мексико се убиени 132 политичари , а тешко може да се изброи бројот на киднапирања и изнуда.

Заврши изборната кампања во Мексико , пред изборите во недела, каде фаворит е популистот левичар Андрес Мнуел Лопез Обрадор (64). Тој ветува револуција каква не е видена во земјата , расчистување со криминалот и корупцијата од политиката . Со ваквата програма во анкетите води за 20 проценти од второ рангираниот ривал и се очекува дека уште во првиот круг ќе победи со над 50 проценти од гласовите.

Освен претседател , Мексиканците бираат и локални власти . За последните девет месеци од почетокот на кампањата се убиени 132 политичари. Политички атентати иамло во 22 од 33 сојузни мексикански држави.

Последното од серијата убиства се случи на почетокот на месецов кога веднаш по митинг , на среде улица беше убиен Фернандо Пурон , кандидат за мексиканскиот конгрес. Тој на митингот зборувал токму за борбата против криминалот. Само партијата ПРИ на претседателот во заминување , Енрике Периа , изгубила 12 члена.

Убиствата најверојатно се дело на наркомафијата , но засега ниедно од нив не е расветлено.