Свет 09. јули 2019. / 15:07

(Застрашувачко ВИДЕО) Големи поплави во Шпанија, улиците претворени во реки

(Застрашувачко ВИДЕО) Големи поплави во Шпанија, улиците претворени во реки

По синоќешното невреме кое беше проследено со пороен дожд и град, погоди делови од северот на Шпанија и предизвика излавање на две реки и обилни поплави во градот Тафалa.

На снимките коишто доаѓаат од погоденото подрачје се забележува дека улиците се претворени во реки и автомобили што пловат во нив.

Локалните власти јавуваат дека едно лице го загубило животот кога неговиот автомобил бил зафатен од силен нанос на вода.