Свет 17. ноември 2020. / 18:23

Започнува правната борба на изборите за претседател на САД – најавени се шокантни откритија

Започнува правната борба на изборите за претседател на САД – најавени се шокантни откритија

Познати личности од американската јавност, меѓу кои голем број на новинари, правници и политичари, најавуваат огромен пресврт во дејствијата кои се случуваат во Пенсилванија.

Во оваа сојузна држава, кампањата на Доналд Трамп најави шокантни информации за масовна изборна измама на ниво на целата држава, а во првите редови за борба пред судовите се испратени искусните Руди Џулијани и Сидни Пауел.

Руди Џулијани важи за еден од најефикасните обвинители од 80-те и 90-те години на минатиот век, а исто така беше и градоначалник на Њу Јорк од 1994-та до 2001 година. Тој јавно ја искажа својата поддршка за реизбор на Доналд Трамп на овие избори и е еден од неговите фронтмени во борбата пред судовите која за задача има да докаже огромен изборен фалсификат и да успее да побие што е можно поголем број на гласачки ливчиња кои кампањата на Трамп ги смета за нелегални.

Експертите тврдат дека доколку Џулијани има докази, а не шпекулации, тогаш тој е доволно способен за да направи и претстави спектакуларен случај и спор пред судовите.

Пред само неколку часа, Џулијани поднесе барање до судот во Пенсилванија за тој лично да присуствува на истиот и да го презентира својот случај пред судот. Ова само ги зголеми шпекулациите и верувањата дека кампањата на Трамп има пронајдено докази за изборната измама и дека Џулијани е на добар пат да успее да ги докаже своите тврдења пред судовите.

Политичкиот коментатор Динеш Д’Соуза на својот Твитер профил напиша дека „се очекува Џулијани и Пауел да објават „бомби“ кои ќе внесат паника, страв и хаос во редовите на левицата и демократите: