Центарот на Париз од изутринава е блокиран испоради најавите за нови анти-владини демонстрации на движењето “жолти елеци”а според најновите информации испален е првиот солзавец. Властите ќе се обидат да спречат појава на нови насилства, а за таа цел за прв пат од 2005 година во предградијата на големите градови ќе се користат оклопни возила.
Агенцијата Асошиејтед прес пренесува дека денеска во Франција мобилизирани се 89.000 полицајци, за разлика од минатиот викенд, кога на улиците на градот беа распоредени 65.000 полицајци.
Инаку, од денеска протестите под назив „жолти елеци“ се прошири и надвор од границите на Франција и демонстрации почнаа и во Холандија и Белгија.