Свет 28. јануари 2021. / 11:42

Запленети рекордни 4,2 тони кокаин на рибарски брод

Запленети рекордни 4,2 тони кокаин на рибарски брод

Официјални претставници на француската армија на карипските острови Мартиник и Гвадалупе објавија дека запленија рекордни 4,2 тони кокаин во блиските води.

Вооружените сили на Антилите изјавија дека на рибарски брод во Атлантскиот Океан на 17 јануари пронашле 177 пакети кокаин и уапсиле осум лица.

Властите на островите Мартиник и Гвадалупе, прекуморските територии на Франција, соопштија дека заплената на кокаин е резултат на тесна соработка со неколку земји.