Свет 02. август 2018. / 22:18

Запленети два тони хашиш и уапсени 11 лица

Запленети два тони хашиш и уапсени 11 лица

Во меѓународна полициска акција, координирана од Американската агенција за борба против дрога -ДЕА, запленетти се два тони хашиш. Бродот кој ја превезувал дрогата сопрен е во италијанските територијални води.

Дрогата не била криумчарена преку црногорска територија, но 11 црногорски државјани се уапсени за шверц на хашишот. Станува збор за членови на криминална група и нивни соработници кои се приведени од страна на италијанската полиција. Хашишот требало да биде пренесен од Мароко во Либија по морски пат.