Свет 11. март 2020. / 15:24

Запален автомобил на член на АфД во Германија

Запален автомобил на член на АфД во Германија

Трендот на напаѓање на политичари што не се од мејнстримот поради нивните ставови, се чини дека се вкорени во Германија откако беше запален автомобилот во сопственост на шефот на огранокот на партијата АфД во Берлин, втор ваков инцидент во текот на една недела, пренесува РТ.

Во вторникот вечерта бил запален автомобилот на Николаус Фест, привремен шеф на огранокот на Алтернатива за Германија во Берлин и член на Европскиот парламент. Иако пожарот не го уништил целиот автомобил, сериозно го оштетил моторот и предниот дел од возилото.

Берлинското крило на АфД смета дека инцидентот се должи на нивните контроверзни ставови.

Подметнувачите на пожарот се од канцелариите за правење стратегија на традиционалните партии, во кои секој ден се смислуваат нови кампањи на омраза против АфД, објавија на Твитер.

Берлинската полиција го потврди инцидентот и отвори истрага за оштетување имот со можна политичка мотивација.

Фест, кој исто така е член на Европскиот парламент за АфД, се спротивстави на левичарското насилство, додавајќи дека другите партии навиваат за левичарски радикални сторители на ваквите постапки.Подметнувањето е последно во низата напади врз членови на АфД. Минатиот јануари експлозивна направа беше активирана во близина на партиската канцеларија во источниот град Доебелн. Подоцна истиот месец претседател на државниот огранок на АфД беше претепан во Бремен од маскирани напаѓачи.

Претходно месецов беше запален и автомобилот на шефот на огранокот на АфД во Габленц, Саксонија, а полицијата уште трага по сторителите.