Свет 21. април 2020. / 15:46

Заменик-директорот на германскиот Институт „Роберт Кох“: Не е на повидок крај на епидемијата

Заменик-директорот на германскиот Институт „Роберт Кох“: Не е на повидок крај на епидемијата

Заменик-директорот на германскиот Институт за заразни болести, Роберт Кох, Ларс Шаде, предупредува дека состојбата во врска со корона вирусот и покрај големите достигнувања во последните неколку недели, останува сериозна.

Крајот на епидемијата се уште не е на повидок. Бројот на случаи може повторно да порасне – изјави Шаде на прес-конференција.

Тој нагласи дека секоја индивидуа мора да даде свој придонес да се задржи бројот на инфекции што е можно понизок, а пред се, за солидарност со медицинскиот персонал и групите под ризик.

Шеде информира дека стапката на репродукција на вирусот е 0,9 и дека има големи регионални разлики.

Сепак, тој верува дека постои голема опасност од втор бран на зараза доколку има брзо олабавување на мерките.

Колку помалку разбираме или помалку спречуваме вирус, толку повеќе ќе се искачи неговиот број за репродукција кој е над 2 и 3. Ако постапиме како ништо да не се случило, сигурно ќе следи нов бран зараза – објасни Шаде, посочувајќи дека со постепено олабавување на мерките ризикот е помал.

Тој укажува дека ќе бидат потребни уште многу месеци за да се врати ситуација што овозможува целосно нормална дневна рутина. Шаде вели дека најпогодените луѓе во Германија имаат просечно 50 години и дека вирусот ги погодува и жените и мажите.

Тој посочува дека најголем пораст на смртните случаи е забележан минатата недела и изјави дека се уште пристигнуваат извештаи за зараза во домови за стари лица и болници.

Дури 60 проценти од починатите биле над 70 години. За жал, мора да сметаме на дополнителни смртни случаи – изјави Шаде.