Првата дама на САД Меланија Трамп побара од Белата куќа да ја прекине соработката со заменикот советник за национална безбедност Мира Рикардел.
Ова го изјавила портпаролката на канцеларијата на Меланија Трамп, Стефани Гришам.
Инаку, Рикардел, која е родена како Радиеловиќ и има потекло од Хрватска, за заменик советник на Џон Болтон биле именувана на почетокот на годината.
„Ставот на канцеларијата на првата дама е дека таа не ја заслужува честа да работи во Белата куќа, пренесе Ројтерс.
На овој начин таа одговорила на наводите дека американскиот претседател Доналд Трамп планира да ја смени Мира Рикардел, по нејзиниот судир со Меланија Трамп.