Мажот кој држеше шест деца како заложници во предградието на Санкт Петербург, се предал на полицијата, пренесуваат руските агенции.
Извор од агенцијата ТАС во службата за итни случаи изјавил дека човекот ја отворил вратата од станот и се предал.
Дописникот на агенцијата известува дека лекарите извадиле шест деца од станот каде што се случил инцидентот, пренесува Танјуг.
Претходно, прес-службата на Министерството за внатрешни работи во Санкт Петербург објави дека полицијата добила повик од жена која нејзиниот сопруг ја избркал од станот, а потоа ги заклучил и ги чувал во станот нивните шест деца на возраст од три до 15 години.
Човекот не е регистриран во полицијата, но се наоѓа во невропсихијатриската болница. Извор на ТАС изјави дека мажот бил пијан и вооружен со секира, а мотив за инцидентот може да биде конфликт меѓу мажот и неговата сопруга.