Свет 23. септември 2019. / 13:55

Закерберг ги одби барањата на моќните политичари од Вашингтон

Закерберг ги одби барањата на моќните политичари од Вашингтон

Основачот на Facebook, Марк Закерберг, во Вашингтон го отфрли барањето за раздвојување на Facebook, односно продажба на WhatsApp и Instagram. Тоа го објави републиканскиот сенатор Џошуа Хаули на својот Твитер профил, а објави Frankfurter Allgemeine Zeitung.

Закерберг во петокот се состана со членовите на американскиот Конгрес, демократскиот сенатор Марк Вокер и републиканскиот сенатор Џошуа Хаули. Основачот на Facebook се сретна и со американскиот претседател Доналд Трамп, кој за разговорот претседателот напиша само:

Добра средба со Марк Закерберг од Facebook денес во Овалната просторија.

Барањата од највисоките врвови на американската политика е да се разделат високотехнолошките гиганти како Facebook, Amazon, Google и Apple, се множат и од страна на демократите и од страната на републиканците. Овие гиганти се осомничени за ограничување на изборот на потрошувачите, а цени ги качуваат до неоправдани височини.