Свет 24. мај 2020. / 22:00

Захарова: САД намерно го уриваат светскиот систем на стратешка стабилност

Захарова: САД намерно го уриваат светскиот систем на стратешка стабилност

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ги обвини САД дека намерно го уриваат системот на стратешка стабилност.

Захарова истакна дека стратешката стабилност и сите постоечки документи претставуваат правна рамка за активностите на државите, а тоа САД систематски го уништиле, наведувајќи ги како пример договорот за нуклеарни сили со среден дострел и одбивањето на ратификацијата на договорот за нуклеарно тестирање.

Ова не се само празни зборови, тоа се факти кои покажуваат дека САД намерно го уриваат системот на стратешка стабилност – изјави Захарова.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави во четвртокот дека САД ќе се повлечат од Договорот за отворено небо, кој предвидува извидувачки летови преку териториите на земјите потписнички поради следење на воени активности.