Францускиот министер за финансии, Бруно ле Мер, некои од британските политичари ги нарече лажговци кои, како што вели, ги навеле луѓето да мислат дека напуштањето на ЕУ е во нивна полза.
Додека британската премиерка Тереза Меј се обидува да го спаси својот предлог договор за разидување со ЕУ, Ле Мер рече дека вистината е оти брегзитот може да се претвори во кошмар.
Ле Мер смета дека единствениот пазар на ЕУ е многу важен во светскиот трговски систем и дека Велика Британија може да се соочи со економска катастрофа.
Владата на францускиот претседател Емануел Макрон е еден од најголемите заштитници на ЕУ и прави сé за да ги намали последиците што излезот на Велика Британија може да го има врз другите членки.