Свет 21. октомври 2020. / 09:52

Загина дете во експлозија на бомба од Втората светска војна во Москва

Загина дете во експлозија на бомба од Втората светска војна во Москва

Четиринаесетгодишно дете загина во експлозија на бомба од Втората светска војна во воено-патриотскиот центар Лобња, недалеку од Москва, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на извор од службите за итни случаи.

Според тој извор, детето се обидело да ја демонтира бомбата во детскиот воено-патриотски центар, кога уредот експлодирал.

Детето било без надзор на возрасен.

Експлозијата не предизвикала штета или пожар.

Прес центарот на Обвинителството соопшти дека е покрената истрага поради несовесно ракување со оружје.