Свет 09. февруари 2021. / 08:53

Задолжителен карантин и два теста за влез во Британија

Задолжителен карантин и два теста за влез во Британија

Сите патниците кои од денеска ќе пристигнат во Обединетото Кралство на Велика Британија и Серверна Ирска ќе мора да бидат тестирани на COVID-19 вториот и осмиот ден, јавија британските медиуми.

Правилото ќе важи за сите патници, а не само за тие што пристигнуваат од земјите во црвена зона, како и за тие што ќе бидат во хотелски и во домашен карантин.

Претходно, британската Влада соопшти дека лицата кои од 15 февруари ќе пристигнат во земјата од државите кои се на црвената листа ќе мора да бидат сместени во хотелски карантин. Тоа се однесува на патниците од Јужна Африка и од државите од Јужна Америка.