Oд 8 јуни во Велика Британија ќе биде задолжителен 14-дневен карантин за сите кои доаѓаат од странство, вклучително и британски државјани. Британскиот министер за внатрешни работи Прити Пател, објасни дека целта на мерката е спречување на ширењето на корона вирусот.
Освен што ќе мора да бидат во изолација 14 дена, патниците ќе мора да наведат и каде ќе бидат за тој временски период.
Сега, откако го поминавме пикот на инфекцијата, мора да преземеме чекори за да се заштитиме од увезени случаи што би предизвикало повторно појавување на оваа смртоносна болест – изјави Пател на прес-конференција.
За непочитување на таа наредба, следува казна од 1.000 фунти.
Карантин нема да биде задолжителен за оние од Република Ирска, возачи на камиони, медицински работници и сезонски работници во земјоделието. Мерката ќе се преиспитува на секои три недели.