Свет 03. ноември 2019. / 18:20

За време на лет, пожар изби во авионот на јапонскиот премиер Абе

За време на лет, пожар изби во авионот на јапонскиот премиер Абе

Во владиниот авион на Јапонија, со кој јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска отпатува во Тајланд, избувна пожар кој е изгаснат за кратко време, соопштија властите.

Пожарот го зафатил задниот дел на авионот „Боинг 777-300 ЕР”, додека членовите на екипажот ја подготвувале храната за време на летот и веднаш го изгасиле, пренесува јапонската агенција Кјодо.

Како што е наведено, никој не е повреден и не бил променет планот на летот.

Овој авион во април го замени „Боинг 747″ што до тогаш го користеше Владата на Јапонија.