Свет 17. јануари 2020. / 21:06

За Велика Британија целиот Хезболах е терористичка група

За Велика Британија целиот Хезболах е терористичка група

Британското Министерство за финансии соопшти дека ја означува целата организација Хезболах како терористичка група во согласност со нејзините правила за тероризам и финансирање на тероризмот и дека имотот на групата ќе биде замрзнат.

Претходно, според правилата на владата на Велика Британија, можеше да биде замрзнат само имотот на военото крило на Хезболах.

Хезболах е вооружена група, која САД ја смета како терористичка организација, основана во 1982 година од иранската Револуционерна гарда и е важен дел од регионалниот сојуз под водство на Техеран познат како „Оска на отпорот“.