Свет 09. април 2018. / 13:32

За утре најавен штрајк на аеродромите во Франкфурт и во Минхен

За утре најавен штрајк на аеродромите во Франкфурт и во Минхен

Германски синдикат соопшти денеска дека негови членови утре ќе организираат штрајк на најголемиот германски аеродром во Франкфурт.

Штрајк ќе биде организиран и на аеродромот во Минхен.

Ќе штрајкуваат и сервисните служби, градинките и вработените во локалната администрација.

Синдикатите бараат зголемување на платите за шест отсто или најмалку 200 евра за 2,3 милиони вработени во јавниот сектор.