Свет 27. февруари 2021. / 07:10

Уапсени најмалку 280 лица за упадот во американскиот Конгрес

Уапсени најмалку 280 лица за упадот во американскиот Конгрес

Приврзаниците на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот на 6 јануари и ја демолираа во време кога се потврдуваа електорските гласови од претседателските избори.

Министерството за правда на САД покрена постапка против повеќе од 300 лица за упадот во Конгресот, додека најмалку 280 лица се уапсени, изјави денеска заменикот на вршителот на должност јавен обвинител Џон Карлин.

– Одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата и ќе одговараат за стореното, порача Карлин.

Неговите коментари доаѓаат само еден ден откако вршителот на должноста шеф на Капитол Јоганада Питман изјави пред конгресмените дека приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп можеби сакале да ја разнесат зградата на Конгресот.