Свет 04. февруари 2021. / 12:36

За прв пат во Европа: Ирански дипломат осуден на 20-годишна затворска казна

За прв пат во Европа: Ирански дипломат осуден на 20-годишна затворска казна

Белгискиот суд во Антверпен го осуди иранскиот дипломат на дваесет години затворска казна поради терористичко планирање.

Ирански дипломат обвинет за планирање бомбашки напад на состанок со една опозициска група во егзил е осуден на 20 години затвор во четвртокот на првото судење на ирански службеник осомничен тероризам во Европската унија од револуцијата во Иран во 1979 година.

Дипломатот познат само како Асадолах А. планирал да изврши терористички атентат во Франција во 2018, за време на собир на демонстранти, опозиционери на иранскиот режим.

На судењето беа осудени уште тројца Иранци за нивната улога на соучесници, изречени им се пресуди од по 15, 17 и 18 години затвор.