Свет 30. декември 2020. / 09:40

За прв пат над 1.000 смртни случаи во Германија за 24 часа

За прв пат над 1.000 смртни случаи во Германија за 24 часа

Германија за првпат потврди повеќе од илјада смртни случаи за 24 часа од Ковид-19, покажуваат податоците објавени од Институтот за инфективни болести Роберт Кох.

За еден ден, потврдени се 1.129 смртни случаи и 22.459 нови инфекции со коронавирус, според Институтот.

До денеска, најголемиот број смртни случаи во Германија беше потврден минатата среда – 962 случаи. Во Германија, 32.107 пациенти починале од Ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Институтот Роберт Кох предупредува дека податоците објавени последните денови се нецелосни затоа што санитарните власти на германските сојузни држави не му ги доставиле сите податоци поради Божиќните празници.