Свет 26. март 2020. / 13:27

За последните 24 часа во Шпанија 655 нови жртви

За последните 24 часа во Шпанија 655 нови жртви

Бројот на жртвите од корона вирусот во Шпанија денеска достигна 4.089 лица, откако во последните 24 часа биле регистрирани нови 655 смртни случаи.

Во споредба со средата, зголемувањето на бројот на починати лица изнесува 19%

Бројот на заразени со Ковид-19 во кралството е зголемен на 56.188 лица. Шпанија е на второто место според бројот на жртви од заболувањето по Италија.