Бројот на жртвите од корона вирусот во Шпанија достигна 2.182 лица, а во последните 24 часа од заболувањето починале 462 лица, соопшти денеска министерството за здравство, јавува АФП.
Во споредба со претходниот ден ова претставува скок од 27%.
Бројот на потврдени слуачи на Ковид-19 во Шпанија достигна 33.089. Кралството е меѓу најтешко погодените држави, по Кина и Италија.