Свет 14. јуни 2020. / 15:00

За еден ден во Индија има речиси 12.000 новозаболени од Ковид-19

За еден ден во Индија има речиси 12.000 новозаболени од Ковид-19

Во изминатите 24 часа во Индија се регистрирани рекордни 11.929 нови случаи на Ковид-19, што е најголема бројка забележана на дневно ниво.

Во Индија досега потврдени се 320.922 случаи на корона вирусот, од кои 9.195 починати.

Од епидемијата најпогодена е западната индска држава Махараштра, а во главниот град, Њу Делхи пријавени се најмалку 38.958 пациенти.

Индија е на четврто место по бројот на заразени во светот, по САД, Бразил и Русија.

Со новиот коронавирус во светот се заразени 7.888.961, од кои  432.696 починаа, а оздравеле 4.051.154 луѓе.