Свет 13. јули 2018. / 21:04

Вулкан и се заканува на оваа земја – Земјотресите се се посилни, а последиците може да бидат фатални (видео)

Вулкан и се заканува на оваа земја – Земјотресите се се посилни, а последиците може да бидат фатални (видео)

Се почести земјотресите во областа на Баварија, Саксонија и Чешка беа повод географичарите да излезат во јавност ио да го постават прашањето дали се буди вулканот под Германската покраина.

„Регистриравме зголемена активност“потвди Торстен Дам од германскиот гео- институт и укажа дека земјотресите стануваат се посилни.

Според проценките регистрирани се 1000 потреси на тлото, при што повеќето се микропотреси, а десетина можеле да се почуствуваат.

„Размисуваме да почнеме со надгледување на вулканот“ вели тој и додава дека во овој регион во последните години мерењето покажува различен интензитет, додавајќи дека тоа укажува на повеќе нешта, вклучувајќи го и фактот дека Егерскиотбазен е полн резервоар со магма.

Неговата теза е поддржана од фактот дека активноста на почвата се зголемува од 1997 година. Со сензори на длабочина од 400 метри Браната и неговиот меѓународен тим сакаат да ги истражат настаните под земја.

“Ќе имаме шанса да регистрираме слаби микрпотреси и подобро да ја слушаме почвата”, објасни Дам, додавајќи дека се надева дека оваа година ќе започне со неопходното дупчење.