Вториот круг од локалните избори во Франција ќе се одржи на 28 јуни, повеќе од три месеци по првиот круг организиран среде пандемијата на корона вирусот.
Откако ќе ги анализиравме добрите и лошите страни, веруваме дека демократскиот живот мора да си ги врати своите права – изјави премиерот Едуард Филип, нагласувајќи дека одлуката ќе зависи од здравствената ситуација.
Гласање ќе има во околу 5.000 општини, каде што немаше јасни победници во првиот круг.
Властите го одржаа првиот круг на 15 март малку пред да биде објавен карантин во државата.
Вториот круг беше закажан за 22 март, но беше одложен поради епидемијата на Ковид-19.