Свет 12. декември 2020. / 18:19

Врховниот суд ја отфрли тужбата за изборниот фалсификат – има ли се уште надеж за Трамп?

Врховниот суд ја отфрли тужбата за изборниот фалсификат – има ли се уште надеж за Трамп?

Претседателот на САД, Доналд Трамп го критикуваше Врховниот суд на САД за одлуката за отфрлање на тужбата за поништување на изборните резултати во клучните држави.

– Победив на изборите со голема разлика, но запомнете: само ако зборуваме за законски гласови, а не за лажни гласачи кои, по некое чудо, се појавија насекаде! Колку срамота!, напиша Трамп на Твитер.

Тужбата за поништување на резултатите од изборите во Пенсилванија, Џoрџија, Мичиген и Висконсин беше поднесена од сојузната држава Тексас, со поддршка од соработниците на Трамп.

Судиите во кратко писмено образложение ја отфрлија тужбата поднесена во вторникот од страна на државниот обвинител на Тексас, републиканецот Кен Пакстон, против државите клучни за изборниот пораз на Трамп: Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин.

Одлуката вели дека Тексас нема правна основа за тужбата. „Тексас не покажа на законски значаен основ дека има интерес за тоа како се спроведуваат избори во други држави“, се вели во одлуката.

Последната можност на Доналд Трамп, кандидат за претседател на САД во идниот мандат, да се изврши ревизија на броењето гласови во најмалку четири американски држави затоа што се броеле гласови стасани по пошта по затворањето на изборниот процес беше таква одлука да донесе Врховниот суд на САД.

Во Врховниот суд на САД, кој брои девет членови, седуммина од нив се по предлог во време кога претседател на САД бил Републиканец, а двајца од времето на Демократите. Постапка пред судот побара државата Тексас, поддржана од уште 17 други американски држави, со образложение дека најмалку четири други американски сојузни држави спровеле процес на гласање кој е различен од останатите, и спротивен на уставот на САД.

Доколку Врховниот суд на САД донесеше одлука по барање на Тексас тоа ќе значеше запирање на изборниот процес кој завршува на 14 декември кога електорите од сите сојузни држави треба, и формално, ќе гласаат за идниот претседател согалсно изборните резултати во нивните држави. А тоа значи, и формално, победа на кандидатот на Демократите Џо Бајден.

Врховниот суд се соочи со крупен проблем, дури и поважен од прашањето дали Бајден или Трамп победиле на иборите. Дали една држава може да тужи други американски држави за тоа како решиле да спроведуваат закон на својата територија.

Од судот избегнаа предизвик да решава дали Бајден или Трамп се победници на изборите, се прогласи себе ненадлежен да решава спор кога 18 држави на САД бараат пресуда против други сојузни држави, што би бил исклучок кој потоа би можел да стане опасна пракса за САД.