Економија,Свет 24. декември 2018. / 22:30

Вработените во НП „Галичица“ се заканија: Ако ни го смените директорот ќе штрајкуваме

Вработените во НП „Галичица“ се заканија: Ако ни го смените директорот ќе штрајкуваме

Протестен собир на вработените во Националниот парк Галичица, затечени реагираат на владината одлука да се смени вршителот на должност директор на установата Андон Бојаџи. Заобиколувајќи ја законската процедура, без одлука на управен одбор и без да се објави конкурс, Владата велат, експресно донесе одлука да го смени директорот, пренесе Алфа.

Доколку Владата не ја преиспита одлуката и разумот не надвладее како што велат нечии лични амбиции, вработените најавуваат штрајк.

Дискутабилно е дали установата сега ќе ги добие долго очекуваните сретства од европските фодови со кои требаше да се покријат основните трошоци на паркот, а ќе беа доволни и за непречено работење во наредните 10 години-потенцираат од установата.

Неофицијално, за нов директор на Националниот парк Галичица е именуван секретарот на општинскиот комитет на СДСМ, Васко Паскали кој во вокација е правник.