Свет 23. октомври 2020. / 21:45

Вработените во Мајкрософт продолжуваат да работат од дома

Вработените во Мајкрософт продолжуваат да работат од дома
epa08560746 (FILE) - The Microsoft Windows logo at the COMPUTEX, the largest computer show in Asia, in Taipei, Taiwan, 31 May 2016 (reissued 22 July 2020). Microsoft is to release their fiscal year 2020 4th quarter earnings on 22 July 2020. EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Компанијата „Мајкрософт“ поради новиот бран на корона вирус ја продолжи работата од дома за своите работници до јули следната година.

Компанијата донесе ваква одлука во консултација со здравствени експерти, наведувајќи дека е најбезбедно да се чуваат работниците во своите домови, пишува „Бизнис инсајдер“.

„Мајкрософт“ ги затвори канцелариите во март и испрати работници да работат од дома поради појавата на вирусот корона.

„Продолжуваме да ја следиме ситуацијата на локална основа во секој регион и земја во која работиме и ќе се прилагодиме на потребите на работниците и епидемиолошката состојба“, рече портпаролот на компанијата.

На почетокот на октомври, Мајкрософт објави нова работна политика преку која им овозможува на повеќето вработени флексибилно работно време и теле-работа најмалку половина од работното време, а вработените можат да бараат трајна работа од дома или преместување, за што е потребно одобрување од менаџерот на компанијата.

Покрај „Мајкрософт“, уште неколку технолошки компании одлучија да работат од дома, па „Амазон“ го продолжи телекомуникацијата до јуни следната година, а „Гугл“ и „Фејсбук“ соопштија дека нема да бараат работниците да се враќаат во канцелариите пред јуни или јули 2021 година.