Свет 06. јануари 2021. / 23:01

Вознемирувачко видео: Жена застрелана во вратот, во тешка состојба изнесена од Капитол

Вознемирувачко видео: Жена застрелана во вратот, во тешка состојба изнесена од Капитол

Една жена е застрелана во градите за време на упадот на приврзаниците на Трамп во Капитол, Вашингтон, пренесуваат американските медиуми.

Според првите информации, жената е ранета од полицијата во зградата и се наоѓа во сериозна состојба, а засега не е познато дали спаѓа во групата приврзаници на Трамп кои насилно упаднале во зградата.

На Твитер кружат снимки на кои повредената жена е изнесена од зградата облеана во крв.

Ве предупредуваме дека содржината на снимката може да биде вознемирувачка.