Француската полиција го уби мажот во Монтфавет во близина на Авињон кој на минувачите им се заканувал со нож и со пиштол. По ова на интернет се појави снимка од неговата ликвидација.
Инцидентот се случил денеска претпладне, и според пишувањето на Ројтерс, мажот на улица им се заканува на минувачи користејќи нож и пиштол. На снимката се гледа како мажот држи нож и одбива да го фрли. При опколувањето на мажот, тој почнал да зборува на арапски јазик.
Ова се случило откако во Ница со нож се убиени три лица, меѓу кои и една жена на која и е пресечена главата.
Франција во меѓувреме го подигна нивото на предупредување од терористички напади на највисоко можно ниво. Бранот насилства во Франција почна со убиството на наставникот кој на учениците им покажал цртежи на пророкот Мухамед.