Страшната несреќа се случила во руското летувалиште Геленџик на Црното море.
Детето со својот татко се возело со скутер во морето и уживало, бидејќи во едно време и само го управувало пловилото.
Воодушевеното дете притоа мавтало на некого, а потоа при вртењето дошла до страшна експлозија.
Скутерот се распаднал на парчиња, а синот и таткото буквално биле катапултирани во воздухот.
Тие со тешки повреди биле префрлени во болница каде се борат за живот.
Овој инцидент се случил на 29. август, а снимката била објавена сега на “Вконтакте”. Полицијата го истражува инцидентот, а се претпоставува дека причината за експлозијата е неисправниот скутер.