Свет 05. јули 2018. / 10:54

Возела „против Божјата волја“: Запален автомобилот на жена во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Возела „против Божјата волја“: Запален автомобилот на жена во Саудиска Арабија (ВИДЕО)

Млади мажи од Саудиска Арабија и се заканувале и малтретирале жена, која го искористила своето право да вози, а потоа и и го запалиле автомобилот, пренесе Индепендент.

Салма ал Шари, за весникот „Оказ“ изјавила дека започнала да вози откако кралството ја укинало забраната за возење за жени, минатиот месец. Поради тоа таа добивала закани и била малтретирана од страна на помлади мажи од нејзиното село Самад во провинцијата Мека.

Тие и рекле неа да не вози бидејќи тоа било „против Божјата волја“. Салма не ги игнорирала заканите, па оваа недела тие и го запалиле автомобилот.

Полицијата презема мерки за да го расчисти случајот.