Возачот обвинет за убиство на 39 виетнамски мигранти чии тела беа пронајдени во камион со ладилник во Англија минатата есен, се изјасни за виновен.
Морис Робинсон, 25-годишен возач од Северна Ирска, преку видео-врска, ја призна вината пред лондонскиот кривичен суд, заедно со четворица ко-обвинети.
Телата на 39 лица беа пронајдени на 23 октомври во градот Грејс, источно од Лондон.
Полициската истрага за случајот открила дека сите жртви биле од Виетнам и биле на возраст помеѓу 15 и 44 години.
Вториот обвинет, Џорџ Ника (43) ги негираше сите 39 обвиненија за убиство.
Романскиот државјанин Александру-Овидиу Ханга (27) го негираше обвинувањето за помагање на илегална миграција, како и Кристофер Кенеди, од Северна Ирска, кој претходно негираше дека помагал во трговијата со луѓе.