Свет 23. февруари 2019. / 15:59

Ворен Бафет изгуби 25.4 милијарди долари: 2018 најлоша во неговата кариера

Ворен Бафет изгуби 25.4 милијарди долари: 2018 најлоша во неговата кариера

Минатата (2018) година завршува како најлоша во кариерата на најпознатиот светски инвеститор Ворен Бафет.

Бафет, во извештајот кој го достави утринава до акционерите во неговата компанијата, “Berkshire Hathaway”, констатира дека компанијата изгубила неверојатни 25.4 милијарди долари поради неочекуваниот пад на цената на акциите на “Kraft Heinz Co”, компанија во која “Berkshire Hathaway” е еден од сопствениците,

Во 2017, компанијата на Бафет беше 5.7 милијарди долари во добивка а една година претходно, добивката беше 3.3 милијарди.