Свет 29. мај 2020. / 21:15

Вонредна состојба во неколку руски области поради масовни шумски пожари

Вонредна состојба во неколку руски области поради масовни шумски пожари

Пожари ширум Русија зафатија повеќе од 14.300 хектари шума.

Како што соопшти руската Служба за заштита на шумите и воздух, од полноќ во Русија активни се повеќе од 34 шумски пожари, а противпожарните служби прават сè за да ги изгаснат огновите.

Поголемиот дел од пожарите се во Краснојарск, каде што се уништени околу 5.400 хектари шума.

Прогласена е вонредна состојба во Бајкалскиот регион, како и во областите околу Иркутск, Тува и областа на Хакасија.

Со пожарите се борат 1.700 пожарникари и 234 опремени единици.

Во последните 24 часа тие успеаја да  го изгаснат пожарот на 3.700 хектари.