Двократниот претседателски кандидат на демократите Хилари Клинтон по трет пат ќе се обиде да влезе во Белата куќа, напишал нејзиниот долгогодишен советник Марк Пен во текстот кој го објавил „Вол стрит журнал“.
Кандидатот на претходните претседателски избори на демократите Хилари Клинтон, по втор пат ќе се обиде да влезе во Белата куќа, напишал нејзиниот долгогодишен советник Марк Пен во текстот кој го објавил „Вол стрит џурнал“, предвидувајќи дека поранешната прва дама и државна секретарка се подготвува за кампањата „Хилари 4.0“ за 2020 година.
Пен и поранешниот политичар Ендру Стејн во текстот кој вчера бил објавен, напишале дека во трката во 2020 година Клинтон ќе се претстави како предводник на либералите, пренесува „Политико“.
Таа нема да дозволи “некоја мала работа како два изненадувачки порази да и застанат на патот кон Белата куќа“, напишале Пен и Стејн.
Клинтон изјавила во интервју во почетокот на месецов дека би сакала да биде претседател, иако претходно изјавила дека не сака повторно да се кандидира за таа позиција.