Американската војска постави бодликава жица на на границата со Мексико во исчекување на мигрантите од Централна Америка. Околу 400 мигранти стигнаа во пограничниот град Тихуана, кој се наоѓа на само 38 километри од Сан Диего во Калифорнија.
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој во рок до 90 дена се суспендира одобрениот заил на мигрантите кои илегално ја преминуваат границата меѓу САД и Мексико.
Меѓу илјадниците мигранти од Хондурас, Гватемала и Салвадор, кои се движат кон границата на Мексико со САД, се наоѓаат и оние кои бараат азил бегајќи од прогон и насилств.
Според меѓународниот закон, земјите се обврзани да им дадат пристап и да им понудат заштита.