Свет 20. мај 2019. / 12:33

Војна на технолошките гиганти: Гугл го блокира Хуавеј од користење на Андроид

Војна на технолошките гиганти: Гугл го блокира Хуавеј од користење на Андроид

Гугл му стави забрана на вториот по големина производител на паметни телефони во светот, Хуавеј од некои надградби на оперативниот систем Андроид, што предизвика голем удар на кинеската компанија.

Овој потег од Гугл доаѓа откако администрацијата на Трамп го додаде Хуавеј на листата на компании за кои американските компании не можат да тргуваат, освен ако немаат лиценца.

Гугл изјави дека потегот е “во согласност со наредбите и ги разгледува импликациите”.

Кога Гугл ќе ја објави новата верзија на Андроид оваа година, таа најверојатно нема да биде достапна на уредите на Хуавеј.

Следните Хуавеј уреди најверојатно нема да имаат апликации како што се YouTube или Maps.

Но Хуавеј сеуште ќе може да ја користи верзијата на оперативниот систем на Андроид достапен преку Open source.