Четири лица загинаа при уривање на воен хеликоптер Ми-8, за време на тренинг лет, во близина на селото Систриатјн во Украина.
Според првичниот извештај четири членови на екипажот и командирот на бригада загинаа во несреќата.
Контактот со хеликоптерот се изгубил некаде после 22:30 часот.
Спасувачките екипи работат на несреќата.
Украинската армија не открива повеќе детали, но неофицијално хеликоптерот по принудното слетување се запалил.