Над стотина луѓе се водат за исчезнати откако брана се срушила на југоистокот на Лаос, јавува Би-Би-Си.
Според податоците на државната телевизија, засега не се знае бројот на загинати.
Браната во провинцијата Атапе, се срушила синоќа, а на патот на водата се нашле шест села.
-Водата однесе неколку живот, додека неколку стотина се водат за исчезнати, се вели во извештајот на локалната новинска агенција.
Истовремено, поради пукање на браната 6.000 луѓе останале без покрав над главата.