Вечерва во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, на тема Претседателските избори во САД ќе разговараат Стефан Василевски од Идеолошкиот и аналитички центар „Конзерватив МК“, како и новинарот Љубомир Гајдов.
Домаќини на оваа дебата се Горан Момировски и Драган Милосављевиќ.
Битката на овие избори е сконцентрирана околу кандидатите на двете најголеми партии, актуелниот претседател Доналд Трамп и кандидатот на демократската партија, Џо Бајден.