Свет 13. февруари 2021. / 16:31

(ВО ЖИВО) Трамп би можел да добие пресуда за „поттикнување бунт“ уште денеска

(ВО ЖИВО) Трамп би можел да добие пресуда за „поттикнување бунт“ уште денеска

Денеска, во 10 часот по локално време, сенаторите, во улога на сведоци, судии и поротници, го продолжија судењето на поранешниот претседател, Доналд Трамп, обвинет за „поттикнување бунт“ на Капитол хил на 6 јануари.

Засега, се уште е неизвесно дали Трамп, кој е единствениот претседател на САД двапати да биде подложен на процес на отповикување, би можело да биде осуден, поаѓајќи од фактот дека за таков епилог е потребно двотретинско мнозинство, односно 17 сенатори од редовите на републиканците да се приклучат кон обвинувањата на демократите.

Во случај Трамп да биде прогласен за виновен, тој нема да има право за повторна кандидатура на идни претседателски избори во САД.