Свет 28. ноември 2020. / 20:00

(ВО ЖИВО) Немири во Париз, демонстрантите ја запалија Банк де Франс

(ВО ЖИВО) Немири во Париз, демонстрантите ја запалија Банк де Франс

Демонстрантите против законот за „општа безбедност“ во Париз запалија филијала на „Банк де Франс“.

На ѕидот на зградата беше испишано и „А“ за „Анархија“. Запален е киоск на плоштадот. А се гледаат и демонстранти кои позираа со знак: „Не за полициската држава“.

Во исто време, префектурата  на Твитер објави дека е опожарен и ресторан на плоштадот.

Неколку десетици илјади демонстранти маршираа меѓу плоштадот на Република и плоштадот на Бастилја денеска во Париз, изразувајќи незадоволство поради текстот на законот за „општа безбедност“ и неговата главна одредба, со што ќе се ограничи можноста за снимање на силите на редот.

Протестите исто така се и против полициското насилство и расизмот.