Конгресот на САД вечерва ја продолжи својата седница на која треба да се потврди победата на демократскиот кандидат Џозеф Бајден на претседателските избори, откако зградата во Капитол Хил беше обезбедена по насилните демонстрации поддржани од претседателот во заминување Доналд Трамп.
Претседателот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, рече дека таквата одлука ја донела во консултација со министерствата за одбрана и правда и со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој претседава со заедничката седница на двата дома, пренесува Асошиејтед прес.
Пелоси изјави дека денот што секогаш ќе биде „дел од историјата“ ќе остане запаметен по „срамот имиџ на земја што се рашири низ целиот свет“.
Претходно, демонстранти упаднаа во зградата на американскиот Конгрес за време на сесијата во текот на денот и привремено го спречија законодавниот дом да ја потврди победата на Бајден на претседателските избори.
По четиричасовната окупација на Конгресот, полицијата ги протера од таа област.
За време на насилството на приврзаниците на Трамп, една жена беше ранета од огнено оружје во Конгресот, која подоцна им подлегна на повредите. Не се познати повеќе детали за инцидентот.