Свет 07. мај 2018. / 11:42

Во живо инаугурацијата на Путин: Се колнам дека верно ќе му служам на народот (ВИДЕО)

Во живо инаугурацијата на Путин: Се колнам дека верно ќе му служам на народот (ВИДЕО)

-Додека стапувам на должноста претседател, посебно силно чувствувам одговорност пред нашиот многунационален народ, одговорност пред Русија, пред илјадагодишната историја на нашата државност, нашите предци, рече Путин денеска за време на инаугурацијата за претседател.

-Русија ќе биде силна, додека народот живее подобро, вети Путин.

-Се колнам дека во склад со надлежностите на Руската Федерација, ќе ги почитувам и штитам правата и слободите на луѓето и граѓаните, ќе го почитувам и штитам Уставот на Руската Федерација, ќе ја штитам сувереноста и независноста, безбедноста и севкупноста на државата и верно ќе му служам на народот, се заколна Путин.